SR EN

Više od milion studenata moraće da napusti Ameriku

Objavljeno: 08. 07. 2020.

Американската имиграциона и царинска служба изјавила дека странските студенти што студираат на универзитети кои ќе одржуваат само онлајн-предавања мора да сменат факултет или да ја напуштат државата. Ова може да претставува проблем за многу студенти бидејќи голем број универзитети најавија дека нема да одржуваат класични предавања од следниот семестар поради пандемијата на коронавирусот.


Од службата изјавиле дека државата нема да им одобрува визи на студентите што се запишани на факултети кои ќе одржуваат само онлајн-предавања следниот семестар. Странските студенти што веќе се наоѓаат во САД ќе мора да се префрлат на универзитет кој ќе одржува и класични предавања или ќе бидат депортирани.
 

Според Институтот за меѓународно образование, во учебната 2018-2019 година на американските универзитети студирале над еден милион странски студенти четврта учебна година по ред. Поголемиот дел од нив се од Кина (369.548) и Индија (202.014), но има и од Канада, Мексико и други земји.

Странските студенти ѝ донеле 41 милијарда долари на националната економија во периодот 2018-2019.

https://www.fakulteti.mk/news/08072020/nad-eden-milion-stranski-studenti-vo-sad-mozhe-da-bidat-deportirani-poradi-pandemijata

Dodajte komentar