SR EN

Процентот на високообразовани млади во Македонија понизок од просекот во ЕУ

Objavljeno: 02. 12. 2022.

Во 2021 година 41,2 отсто од населението во Европската Унија на возраст од 25 до 34 години имало високо образование.

Според целите на ЕУ, најмалку 45 отсто од младите на возраст треба да имаат високо образование до 2030 година. Од вкупно 240 региони на ЕУ кои се анализирани, само 72 го надминале ова ниво, според податоци од „Еуростат“.

Во 22 региони во ЕУ, повеќе од 55 отсто од младите на возраст од 25 до 34 години имале високо образование во 2021 година. Тука се вклучени региони во Литванија, Франција, Полска, Ирска, Луксембург, Данска, Унгарија, Холандија, Шведска, Чешка, Кипар, Шпанија и Белгија.

Од друга страна, во 22 региони на ЕУ, помалку од една четвртина од младите на споменатата возраст имале високо образование во 2021 година. Меѓу нив има региони од источниот дел од Европа, делови од Италија, Франција и Португалија, меѓу другото. Најмалку високообразовани млади луѓе има во три романски региони.

Според податоците од „Еуростат“, 37,7 отсто од младите на возраст од 25 до 34 години во Македонија имаат високо образование.

Извор: Eurostat
 

Dodajte komentar