SR EN

Одливот на мозоци ги повлекува и професорите

Objavljeno: 04. 10. 2017.

Причини во голем дел за миграција се тоа што државата не одвојува доволно пари за истражувачка работа, незадоволство постои и од условите за истражување ама и од платите.

Дури  68 проценти од универзитетските професори, истражувачи и асистенти од општествените науки, би ја напуштиле земјава доколку имаат добра понуда во странство, би  прифатиле работа која не одговара на нивните квалификации. Околу 20 проценти веќе презеле активности да заминат. Ова е еден нов параметар што сугерира дека одливот на мозоци не е исклучиво фокусиран  на кадрите од медицината  и техничките науки, туку и на  кадрите од областите како што се правни, политички, економски психологија вели професорот Докмановиќ.  Причини во голем дел за миграција се тоа што државата не одвојува доволно пари за истражувачка работа, незадоволство постои и од условите за истражување ама и од платите.  

Од министерството за образование и наука подвлекуваат дека  0,2 од средствата кои се одвојуваат за наука од БДП се малку. За подобрување на условите за истражување потребно е  да се пренаменат дел од парите  кои се одвојуваат за стипендии.

Најголем дел 70 проценти  би заминале  во земјите  на Европската Унија, а потоа следат Соединетите американски држави се изјасните професорите од државните и правните универзитети  во истражувањето кое  го спроведе Институтот за стратешки истражувања и едукација со  Правниот факултет  и Центарот за експертиза  од Лозана. Перцепциите да се обезбеди квалитет и во Швајцарија и во Македонија се слични , истражувачите се соочуваат со недостиг на средства да ги реализираат истражувања , немаат пари ниту за меѓународна размена.

На дебатата  каде беше промовирано истражувањето  учесниците потенцираа дека  проблем во земјава и тоа што се вработуваат  некомпетентни кадри, квалитетните не можат да напредуваат. Додадоа дека би било неочекувано  да  се запре одливот на мозоци, но сметаат  дека може да се намали преку  финансиски стимулации на вработените кадри. 

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=124390#.WdUyH9R97Dc

Dodajte komentar