SR EN

Kandidati za rektore traže ostavku izborne komisije

Objavljeno: 17. 06. 2020.

Универзитетските професори Петар Атанасов и Вујица Живковиќ, кои се меѓу кандидатите за избор на нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, поднеле приговор до Универзитетската комисија за избор на ректор бидејќи, според нив, преземени се активности во трката за нов ректор што не биле во согласност со Уредбата на Владата, со Законот за високо образование, ниту со Статутот на УКИМ. Тие побараа и оставка на комисијата, како и санкции за нерегуларностите.


Во приговорот велат дека конкурсот е продолжен во недела, 14 јуни, преку е-пошта во 23:55 часот, а не објавен на истиот начин како и првиот пат, во две јавни гласила и на страницата на УКИМ.
Тие реагираат бидејќи роковите на валидност на комисијата се продолжени по 26 јуни.

 

- Претходно објаснувавте дека по тој датум комисијата е невалидна затоа што мандатот на членовите истекува на 26.06.2020 год., кога според Статутот по ова прашање единствено толкување може и треба да даде Сенатот? - пишува во приговорот.


Кандидатите за ректор сметаат и дека Универзитетската изборна комисија нема право да ја толкува Уредбата на Владата со која се суспендираа изборите на УКИМ. Тие бараат комисијата да ги стопира сите преземени активности бидејќи од вчера во земјава повторно има вонредна состојба.

Инаку, УКИМ објави дека сите активности за избор на ректор продолжуваат бидејќи во Македонија нема вонредна состојба. Но, бидејќи од вчера претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба, УКИМ сè уште не се изјаснил како ова ќе влијае врз процедурата за избор на ректор.

Ректорот Никола Јанкуловски, кој повторно ќе се кандидира за ректор, неколку пати изјави дека кога Владата со Уредба ги прекина ректорските избори, направила упад во автономијата на Универзитетот. Останатите кандидати за ректор и Независниот академски синдикат (НАКС) неколку пати го обвинија дека прави нерегуларности при процедурите за ректорските избори на УКИМ.

https://www.fakulteti.mk/news/16062020/dvajca-kandidati-za-rektor-na-ukim-pobaraa-ostavka-na-izbornata-komisija

Dodajte komentar