SR EN

Jankulovski ponovo rektor UKIM-a

Objavljeno: 30. 06. 2020.

Проф. д-р Никола Јанкуловски повторно ќе го води Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, овојпат, уште три години. Тој денеска победи во трката за ректор на УКИМ со освоени 3.604,452 поени.

Вкупно 1.450 члена на наставно-научните, научните и наставничките совети денеска можеа да го дадат својот глас за еден од седумте кандидати за ректор. Се гласаше во 22 од 23 единици на УКИМ. Не се гласаше на Факултетот за драмски уметности во Скопје (30 гласачки ливчиња). На вонредна седница на наставно-научниот совет, тие едногласно одлучија да го бојкотираат гласањето.

Поените на сите кандидати 

Денеска гласале 942 члена на наставно-научните совети. По извршеното гласање 478 ливчиња се неискористени и 106 неважечки, пишува во записникот на Универзитетската изборна комисија.

Кандидати за ректор беа: проф. д-р Александар Димитров, проф. д-р Коле Василевски, проф. д-р Јане Ацевски, проф. д-р Никола Јанкуловски, проф. д-р Драги Димитриевски, проф. д-р Петар Атанасов и проф. д-р Вујица Живковиќ.

Јанкуловски ќе го води УКИМ и во следните три години, односно од1 5 септември 2020 до 15 септември 2023 година. Ова е негов втор мандат.
Во интервјуто за Факултети.мк тој истакна дека студентите ќе бидат во фокус на УКИМ и дека во таа насока еден од неговите основни приоритети е подобрување на стандардот и условите за студирање.
 

- Ова го кажувам со една сериозна поткрепа на тие факти, а тоа е дека универзитетот и досега издвојувал средства за стипендирање и наградување на своите најдобри студенти, обезбедува стипендии за студирање од врвни компании од земјава кои се развиваат благодарение на кадрите што се регрутираат токму од нашиот универзитет и посебно сакам да истакнам дека од пред 2 години ставена е во функцијата Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, која обезбедува голем број високи стипендии за нашите студенти од прв циклус студии кои се од социјално ранливи категории. Во контекст на студентите би ја истакнал и заложбата за стекнување практични вештини на студентите преку практичната настава во текот на реализацијата на студиските програми. Во рамките на мојот претходен мандат го основавме првото трговско друштво за иновации и трансфер на технологии ИНОФЕИТ, кое на студентите, особено на оние од техничките струки, им овозможува студентска пракса. Универзитетот минатата година изготви и посебна програма за поддршка на студентите со попреченост и буџетира средства со исклучива намена поддршка и грижа за потребите на студентите со попреченост – рече тој во интервјуто.

ТУКА може да ја прочитате и неговата Програма за работа како дел од кампањата за изборите.

Инаку, ова се првите избори за ректор што се организираа според новиот Закон за високо образование, донесен во 2018 година. Целиот процес, од распишување на изборите, до денот за гласање помина во тензија и реакции за законитоста на процедурата.
Тројца од седумте кандидати – Вујица Живковиќ, Петар Атанасов и Драги Димитриевски - вчера соопштија дека ги ставаат во мирување своите кандидатури.

Независниот академски синдикат НАкС во неколку наврати повика професорите да „одбијат да бидат дел од незаконскиот и недемократски начин за избор на ректор. Четири дена пред гласањето четворица членови од УИК дадоа оставка, меѓу кои и претседателот Пламен Тројачаец. 
 

Факултети.мк вчера организираше онлајн- дебата со сите кандидати за ректор на УКИМ, која траеше повеќе од три часа.

https://www.fakulteti.mk/news/26062020/prof-d-r-nikola-jankulovski-povtorno-e-izbran-za-rektor-na-ukim

Dodajte komentar